Иако постоеја сомнежи за неговата подготвеност, Лионел Меси е во 19-члениот состав на Барселона за дуелот од Копа дел реј во среда против Реал Мадрид на „Ноу Камп“.
Менаџерот на Блауграна, Ернесто Валверде мора да исклучи еден фудбалер од составот, што значи дека Аргентинецот може да испадне од тимот поради повредата на бутниот мускул заработена во саботата при 2:2 ремито со Валенсија.
Меси го одигра цел меч и постигна два гола, но Валверде по мечот призна дека 31-годишниот Меси има проблем со повредата. Тој не тренираше во понеделникот, но се врати во тимот за последната сесија пред дуелот со големите ривали.
„Ќе почекаме да видиме што ќе каже медицинскиот тим. Ако е во добра форма, секако дека ќе игра“, изјави Валверде.
Barcelona handed Clasico boost as Lionel Messi is fit to train on eve of Copa del Rey semi-final against Real Madrid https://t.co/XUNP7sD6mu pic.twitter.com/YaUFgvcsYo
— MailOnline Sport (@MailSport) February 5, 2019