Top Sport

Фан на Евертон синоќа навивал за Сити оти „црвените“ му го избоиле кучето (видео)

Дека навистина постои крвно непријателство меѓу фанови на различните тимови од Ливерпул, потврда стигна по синоќешната победа на Манчестер Сити на „Гудисон парк“ над Евертон со 0-2.

Навивач на Евертон изјави дека сакал „Граѓаните“ да ги освојат бодовите во Ливерпул против неговиот омилен клуб само за да не му дозволат на тимот предводен од Јирген Клоп да стигне до титулата во Премиер лигата.

Причината бизарна. Навивачот кога бил мал, навивачи на „црвените“ му го избоиле кучето.

Погледнете ја изјавата на фанот на Евертон:

Scroll to Top