Top Sport

Борусија имаше 3:0, Хофенхајм освоија бод (Видео)

Борусија Дортмунд и Хофенхајм одиграа 3:3 во дерби мечот одигран во рамките на 21 коло во Бундес лигата. Лидерот на табелата од Дортмунд во финишот испушти предност од три гола. Во второто дерби Херта со 3:0 победи кај второ пласираната Борусија Менхенгладбах.

Дортмунд пред 80.000 навивачи постигна три гола преку Санчо, Геце и Гереро. Гостите потоа во последите 15 минути го шокираа и замолкнаа „Вестфален“. Белфодил го постигна првиот и третиот, а Кадерабек вториот гол за Хофенхајм.

Херта со головите на Калу, Дуда и Селке ја декласира Борусија среде Менхенгладбах.

Лајпциг и Ајнтрахт одиграа без голови, а 3:3 заврши дуелот помеѓу Фрајбург и Волфсбург. Хановер со двата гола на Милер го победија Нинберг.

Scroll to Top