Top Sport

„Ќе ме убиеја, скокнав во морето за да се спасам“

Ватерполистот на Црвена ѕвезда Александро Краљ за да се спаси од нападот на хулиганите во Сплит морал да скокне во морето. Четвроца ватерполисти на Црвена ѕвезда попладневно биле нападнати од петмина хулигани во едно кафуле во овој град.

„Да не скокнев во морето ќе ме убиеја“, рекол ватерполистот.

Полицијата трага по напаѓачите, а покрај Краљ нападнати биле уште Душан Васиќ и Милош Милутиновиќ.

Ватерполистите на Црвена ѕвезда нема да го одиграат натпреварот против Морнар, бидејќи веднаш го напуштиле Сплит.

Ватерполисти на Црвена звезда нападнати во Сплит

Scroll to Top