Top Sport

Зверев дебитираше со победа над Чилиќ

Александер Зверев, 20-годишниот Германец кој не настапи на „Некст џен“ финалето за да се подготви за големата сцена и дебито на АТП-финалето, стигна до победа од 6:4/3:6/6:4 над Марин Чилиќ во вечерниот натпревар на „О2 арената“.

Светскиот број 3 имаше фантастична сезона во која освои две Мастерс  1000 титули и од него се очекува да е првиот млад тенисер кој ќе направи „бум“  на гренд слем турнирите, и тој почна одлично во Лондон со борбена победа над поранешниот шампион од САД опен, Марин Чилиќ.

Со оваа победа, Зверев се постави во одлична позиција во групата „Борис Бекер“, откако претходно Роџер Федерер го совлада Американецот Џек Сок. Зверев направи повеќе од 40 неизнудени грешки против Чилиќ, најмногу во лошиот втор сет, но на крајот успеа да го победи Хрватот четврти пат во последните пет меѓусебни дуели.

Scroll to Top