Барселона не успеа да постигне гол на тешкото гостување во Баскија кај Атлетик Билбао и одигра 0:0, за второ реми едноподруго за шпанскиот шампион (по минатонеделните 2:2 со Валенсија).
Овој резултат значи дека Реал Мадрид, кој вчера во градското дерби го „декласираше“ Атлетико со 3:1 на гости, сега има 45 поени, само шест помалку од лидерот од Каталонија, најавувајќи интересна пролет и борба за титулата.
За Атлетик пак, ова беше неверојатно 11-то реми во 22 кола во сезоната 2018/19, по кое баскискиот гигант се наоѓа на 13. место на табелата.
Фото: ЕПА