Тренерот на Пари Сен Жермен, Томас Тухел, има сериозни проблеми, во пресрет на првиот осмина-финален натпревар во Лигата на шампионите, против Манчестер Јунајтед.
Тројца од четворицата главни играчи нема да бидат во тимот што ќе настапи против „црвените ѓаволи“. Покрај Марко Верати и Нејмар за кои беше извесно дека нема да играат, Тухел остана и без Единсон Кавани. Уругваецот се повреди во финишот на првото полувреме на натпреварот против Бордо.
Германскиот тренер рекол дека за Јунајтед ќе му треба план Д.
„Без Нејмар, веројатно и без Марко и Единсон, итно ми е потребен план Д. Не можам толку однапред да размислувам. Мораме да се занимаваме со играта на Манчестер, да останеме мирни и да сме полни со самодоверба. Мојот став е јасен за мечот со Манчестер Јунајтед неопходно е да ги имам најдобрите играчи, каков што тоа беше случај против Ливерпул или против Црвена ѕвезда“, рекол Тухал.
Пари Сен Жермен утре ќе му гостуваат на Манчетсер Јунајтед.