Top Sport

Барса без „муниција“ во Билбао, разликата со Реал сега е само шест поени (видео)

Барселона не успеа да постигне гол на тешкото гостување во Баскија кај Атлетик Билбао и одигра 0:0, за второ реми едноподруго за шпанскиот шампион (по минатонеделните 2:2 со Валенсија).

Овој резултат значи дека Реал Мадрид, кој вчера во градското дерби го „декласираше“ Атлетико со 3:1 на гости, сега има 45 поени, само шест помалку од лидерот од Каталонија, најавувајќи интересна пролет и борба за титулата.

За Атлетик пак, ова беше неверојатно 11-то реми во 22 кола во сезоната 2018/19, по кое баскискиот гигант се наоѓа на 13. место на табелата.

Фото: ЕПА

Scroll to Top