Двајца фудбалери на српскиот прволигаш Напредак од Крушевац, синоќа биле нападнати во „Пионерскиот парк“ во овој град. Нападнати биле двајцата црномурести играчи на овој клуб Сенегалецот Ибрахим Ндиаје (24) и Камерунецот Самуел Баха Ражис (18).
Еден од фудбалерите се здобил со поелсни повреди, додека другиот воопшо не бил повреден. Полицијата трага по напаѓачите.
Две момчиња, додека фудбалерите шетале низ паркот, најпрвин започнале со вербални провокации, а потоа го удриле Ндиаје.
Сенегалецот Ндиаје веќе шест години е играч на овој клуб, додека Режис во летниот преоден рок пристигнал во клубот.
Интересно, преку портпаролот Валентина Васиќ, од клубот ја отфрлие можноста дека нападот е расистички чин.
„Тоа може да му се случи на секој од нас, сега постојат насилни луѓе“, рекла Васиќ.