Top Sport

„Никој не се наиграл на „Олд Трафорд“

Тренерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, смета дека има напаѓачи што се способни да ја надиграат одбраната на Пари Сен Жермен. Јунајтед и ПСЖ ждрепката ги спои во осмина-финалето, првиот меч се игра утре (21 часот) во Манчестер.

„Црвените ѓаволи“ доживеаја ренесанса под палката на Солскјер, забележаа десет победи на 11 натпевари. Утре ќе имаат голем предизвик против францускиот шампион.

Во пресрет на овој натпревар колегата на Солскјер, Томас Тухел, има сериозни кадровски проблеми. Нејмар нема да игра, а веројатно првиот меч ќе го пропуштат Марко Верати и Единсон Кавани.

„Кога ја играме нашата игра никој не се наиграл на „Олд Трафорд“. Мораме да им го префрлиме притисокот, мораме да веруваме во нашите способности. Имам тројца добри напаѓачи Рашфорд, Лукаку и Марсеијал. Тука се Санчез и Лингард. Тие можат да ја надиграат одбраната на Пари Сен Жермен“, рекол Солскјер.

Реваншот во Париз на програмата е на 6 март.

Scroll to Top