По неверојатната боксерска кариера, една од најдобрите во историјата на спортот, Мајк Тајсон сега има нов предизвик – да стане светски шампион во пушење на големи џоинти.
52-годишниот „Челичен“ Мајк, кој влезе во бизнисот за одгледување на марихуана откако купи ранч во Калифорнија по легализацијата на тревата, беше забележан како пуши џоинт од 30-тина сантиметри на фестивал во САД.
Тајсон неодамна призна дека пушел марихуана пред победата над Ендру Голота во 2000 година, кога противникот не излезе во рингот пред третата рунда. Боксерската легенда неодамна најави и формирање на камп за истражување на марихуаната. Бизнисот со марихуана според магазинот „Форбс“ ќе „тежи“ 24.5 милијарди долари до 2021 година.
View this post on Instagram
@miketyson Smoking A Fatty W/ @breal @brealtv ?? Tag a friend ? Follow @cmw420tv
Мајк Тајсон ќе организира фестивал на марихуаната на својот ранч