Top Sport

Барса нема да му го продолжат договорот на Ракитиќ

Хрватот Иван Ракитиќ се најде на насловната страница на каталонскиот весник „Спорт“. Весникот тврди дека Ракитиќ ги игра последните месеци во дресот на Барселона.

Новинарот на весникот, повикувајќи се на свои извори во клубот, пишува дека челниците на Барселона нема да му го продолжат договорот на Ракитиќ иако тој тоа го побарал од нив.

Наводно, Хрватот добил ветување дека ќе добие покачување на плата, што автоматски значи и нов договор. Актуелниот договор на Ракитиќ со Барселона истекува во јуни 2021 година.

Минатото лето, Барселона и Ракитиќ одбија богата понуда, од 90 милиони евра, од Пари Сен Жермен. Во клубот се сигурни дека во летниот преоден рок ќе успеат да добијат околу 65 милиони евра, а покрај ПСЖ во трката за потписот на фудбалерот веројатно ќе се вклучи и Интер.

Ракитиќ ќе стане вишок во тимот откако во Барселона ќе пристигне 21-годишниот Холанѓанец, Френки Де Јонг. За него Барселона платија 75 милиони евра.

Scroll to Top