Португалскиот фудбалски напаѓач, Андре Силва изјави дека не е сигурен дали ќе остане во андалузискиот клуб Севилја или летоска ќе се врати во редовиот на Милан.
Силва, кој е играч на „Росонерите“ е на едногодишна позајмица во Андалузија, а досега за Севилја постигна 11 гола.
„Да можев да изберам, ќе изберев да играм за најдобриот клуб на светот. Ако ме прашувате да изберам да бидам стартер во Севилја или да се вратам во Милан и да не играм, мојот одговор е очигледен. Ако Севилја одлучи да ми понуди договор, тоа е затоа што ми верува. Уште е рано да се зборува за тоа“ – вели Силва за „Gazeta delo Sport“.
Силва има 23 години и освен двата споменати клуба, има настапувано и во Порто.
Погледнете ги головите на Португалецот за Севилja: