Top Sport

Ди Марија е пред казна, ќе го пропушти ли реваншот со Јунајтед?

Француски ПСЖ во реваншот од осминафиналето на фудбалската Лига на шампиони против Манчестер Јунајтед би можел да настапи ослабен поради евентуалното неиграње на Аргентинецот Анхел Ди Марија.

На аргентинскиот фудбалер му се заканува казна поради тоа што возврати на провокациите на фановите на „црвените ѓаволи“.

При вториот гол што синоќа „светците“ го постигнаа на „Олд Трафорд“, Ди Марија се најде на мета на навивачите на англискиот клуб. Фрлаа разни предмети на теренот, меѓу кои и шише со пиво. Аргентинецот го зема шишето од тревникот и „им наздрави“ на навивачите на Јунајтед.

Радио Монте Карло пренесува дека УЕФА би можела да покрене дисциплинска постапка против фудбалерот.

Ако се прочита правилникот на Европската куќа на фудбалот, за неспортско однесување следува казна од еден меч неиграње или времена суспензија.

Scroll to Top