Завршниот турнир во кошаркарскиот Куп на Македонија нема да се игра викендов. Кошаркарската федерација на Македонија (МКФ) го одложи завршниот турнир поради автобската несреќа која вчера се случи на автопатот Скопје-Тетово, во која загинаа 14 лица. Меѓу загинатите е и кошаркарот на Гостивар Јовица Трпевски (25).
КК Гостивар веднаш побараа одложување на завршницата на Купот, а во четвртокот МКФ донесе одлука завршниот турнир да се одигра во април.
„Трагична сообраќајна несреќа синоќа ја зави Републиката во црно. четиринаесет лица го загубија животот меѓу кои и млад кошаркар од клубот Гостивар.
Поради новонастанатата ситуација Македонската кошаркарска федерација во согласност со организаторот донесе одлука да го одложи завршниот турнир од Купот на Македонија кој требаше да се одигра претстојниот викенд“, стои во соопштението на МКФ.
Кошаркар на Гостивар меѓу загинатите во автобуската несреќа кај Ласкарци