Top Sport

Бартомеу: Меси е играч-клуб, во Барса до крајот на кариерата

Најдобриот фудбалер на Барселона, Лионел Меси, наскоро ќе потпишел нов договор, рекол претседателот на клубот Џозеп Марија Бартомеу.

Актуелниот договор на Меси со Барселона истекува во јуни 2021 година. Според овој договор годишната нето плата на Аргентинецот изнесува 50 милиони евра. Бартомеу открива дека планот на клубот е Меси да остане на „Ноу Камп“ до крајот на кариерата.

„Лео Меси ќе продолжи со нас. Тој е играч-клуб, односот со него е таково што тој засекогаш ќе остане во Барселона“, изјавил за „Марка“, претседателот на Барселона.

Меси во Барселона пристигнал на 14-годишна возраст. За првиот тим има одиграно 665 натпревари на кои постигнал 581 гол. Ги освоил сите важни трофеи во клупскиот фудбал и пет пати бил биран за најдобар фудбалер во светот.

Scroll to Top