Тимот на Мекларен го откри својот нов болид за 2019 година, МЦЛ34 во нивното седиште во Вокинг неколку дена пред стартот на првиот тест од пред-сезоната во Барселона со надеж за нов почеток и подобри резултати.
Карлос Саинс Јуниор и Нандо Лорис ги заменуваат Фернандо Алонсо (кој замина во Ф1-пензија) и Штофел Фандорне (кој беше отпуштен), за целосно нов тим во новата сезона во која се надеваат дека ќе продолжат со реконструкцијата на тимот во обид да стигнат до својата прва Ф1 победа од ноември 2012 (Бразилско ГП).
„МЦЛ34 е резултат на напорна работа и посветеност на нашиот тим со единствена амбиција – да ја вратиме конкурентноста и ова е почеток на тој процес. Имаме нов возачки тим, кој е од новата генерација на Ф1 таленти и тоа е дел од тој процес во кој е вклучено целото семејство Мекларен, како и партнерите и фановите. Нашите навивачи останаа верни и покрај слабата форма и би сакал да им се заблагодарам за тоа. Ние, како и секогаш досега, одиме храбро напред“, изјави шефот на тимот, Зек Браун.
Today. Today, is a good day #ValentinesDay #MCL34 pic.twitter.com/c3wZ3OBrwh
— Lando Norris (@LandoNorris) February 14, 2019
Our 2019 contender, the #MCL34, in all of her Papaya and Vega Blue glory. ??
See more ➡️ https://t.co/nguVBnIYiP pic.twitter.com/hft8FQrSyX
— McLaren (@McLarenF1) February 14, 2019