Top Sport

Помошникот судија го повреди Алексис Санчез

Лоша сезона во Манчестер Јунајтед има Алексис Санчез, а Чилеанецот кој вреди 25 милиони евра по сезона, згора на тоа заработи и бизарна повреда на мечот од ЛШ против ПСЖ.

Алексис беше принуден да влезе во игра од клупата за резерви наместо повредениот Лингард, но при загревањето налета на помошниот судија, Италијанецот Фабијано Прати, па го повреди мускулот на ногата.

Клупските лекари на полувремето го прегледоа и дадоа зелено светло тој да се најде на теренот.

Сепак, по завршувањето на мечот, Санчез се пожали на болки во мускулот над коленото.

Неговата повреда претставува голем проблем за „црвените ѓаволи“ на Солкјер затоа што екипата во понеделник ја чека гостување кај Челси во рамки на ФА купот.

Освен Чилеанецот, за дуелот со „сините“ неизвесни се и Лингард и Марсијал, кој има повреда на препоните.

Scroll to Top