Сагата околу Мауро Икарди и одземањето на неговата капитенска лента во Интер може да има неверојатен крај – со негов трансфер во Јувентус, ако се верува на пишувањата на италијанските медиуми.
Икарди не е во составот на Интер за мечот со Рапид Виена во Лига Европа, откако реши да не отпатува со тимот, по што тренерот Лучано Спалети му ја одзеде капитенската лента и го именуваше Самир Хандановиќ за нов капитен.
Околу Икарди имаше голем број на шпекулации, откако тој го одолговлекуваше потпишувањето на новиот договор. 25-годишниот Аргентинец има договор до 2021 година, а неговата сопруга и агент, Ванда Нара изјавуваше дека преговорите траат.
Сега, по сите инциденти, „Калчомеркато“ и нивниот новинар Валер де Маџо тврдат дека тој веќе се договорил со италијанскиот шампион.
„Во Интер веќе знаат дека тој има договор со Јувентус. Интер се голем клуб, а Бепе Марота е човек кој го познава фудбалот. Да му се одземе капитенската лента е голема одлука и тоа значи дека работата е веќе завршена“, вели Де Маџо.
Фото: ЕПА
‘Icardi has already an agrement with Juve’ https://t.co/AGn2S3u1xL pic.twitter.com/G2yBMDszjB
— CalcioMercato (En) (@CmdotCom_En) February 14, 2019