Top Sport

ЛЕ: Интер победи и без Икарди, кризата на Арсенал продолжува (видео)

Ситуацијата која се создаде во Интер по одземањето на капитенската лента на Мауро Икарди, откако „нераѕурите“ со гол од пенал стигнаа до минимална 1:0 победа на гостувањето кај Рапид Виена во првиот меч од шестнаесетфиналето на Лига Европа.

Лаутаро Мартинез, новата аргентинска ѕвезда на Интер беше прецизен во 39. минута од белата точка за убава предност пред реваншот во Милано.

Од друга страна, Арсенал ја продолжи кризата со пораз од 1:0 на гостувањето кај БАТЕ Борисов во Белорусија. Станислав Драгун ги доведе белоруските шампиони во водство во 45. минута, а мизеријата на „топчиите“ се комплетираше со црвениот картон за Александер Лаказет во финишот на мечот.

Лацио пак, загуби дома од повеќекратниот шампион во Лига Европа, Севилја, откако Висам Бен Једер го постигна единствениот гол на мечот. Во другите мечеви, Рен одигра 3:3 со Реал Бетис во мечот со најмногу голови, Олимпијакос прими гол во финишот за 2:2 реми со Динамо Киев, додека Галатасарај дома загуби од Бенфика со 1:2.

Фото: ЕПА

ЛИГА ЕВРОПА, 1/16 ФИНАЛЕ, 1.МЕЧ

БАТЕ Борисов – Арсенал 1:0

Галатасарај – Бенфика 1:2

Краснодар – Баер Леверкузен 0:0

Лацио – Севилја 0:1

Олимпијакос – Динамо Киев 2:2

Рапид Виена – Интер 0:1

Рен – Бетис 3:3

Славија Прага – Генк 0:0

Scroll to Top