Се продлабочува кризата во која се наоѓа фудбалскиот клуб Палермо. По три месеци клубот повторно има нов сопственик, односно сега се наоѓа во рацете на луѓе блиски до поранешниот претседател Маурицио Зампарини.
Контроверзниот Зампарини, познат по честите тренерски смени (45 тренери за 16 години), во декември го продаде клубот, за симболична цена од 10 евра, на компанија од Лондон.
Во четвртокот групацијата „Спортс капитал“, им го продаде Палермо на Даниеле Де Анџели и Рино Фоски. Овие двајца се долгогодишни соработници на Зампарини. Де Анџели бил во управата на Палермо 15 години, а Фоски бил технички директор.
Претседател на Палермо сега е Фоски.
Причината за промена во сопственичката структура настанала кога Зампарини ги тужел Британците бидејќи не ги исполнувале обврските од договорот.
Маурицио Запарини не можел да го откупи клубот бидејќи се наоѓа во домашен притвор и е под истрага поради финансиски малверзации и перење на пари.
И покрај лошата ситуација во клубот чии дрес го носат македонските репрезентативци Илија Несторовки и Александар Трајковски се наоѓат на второто место во Серија Б со бод помалку од водечката Бреша.