Судбината на Масимилијано Алегри во Јувентус ќе зависи од резултатот на осмина-финалната пресметка што клубот од Торино ќе ја има со Атлетико Мадрид. Одделни италијански медиуми шпекулираат дека (не)успехот на Јувентус во Лигата на шампионите ќе ја одреди судбината на Алегри.
Јасно е дека доколку Јувентус оваа сезона не стигне до крајот, дека Алегри ќе мора да отстапи од тренерската функција.
Медиумите веќе излегоа со имињата на можните наследници. Прв е поранешниот играч на Јувентус, кој како тренер се прослави во Реал Мадрди, Зинедин Зидан.
Освојувачот на три титули во Лигата на шампионите е слободен од минатото лето кога си замина од Мадрид.
Во комбинација е и селекторот на актуелните светски шампиони Дидие Дешам. Дешан, исто така е поранешен играч на Јувентус, но за разлика од Зидан тој веќе бил тренер на „старата дама“. Францускиот тренер го предводеше Јувентус по аферата Калчополи кока клубот се натпреваруваше во Серија Б.
Трета опција е Јирген Клоп актуелен менаџер на фудбалерите на Ливерпул. Германецот три години е во Ливерпул, но веројатно е дека ќе бара нова работа доколку сезонава не успее да ја освои титулата во Премиер лигата.