Убедливи победи забележаа Волфсбург и Хофенхајм во 22 коло, во Бундес лигата. Лајпциг славеа во Штутгарт, а Шалке и Фрајбург одиграа без голови.
Волфсбург забележаа победа над Мајнц 3:0. Серијата на голови Арнолд во четвртата минута, а во второто полувреме, во 69 и 76 минута по еден гол постигнаа Вегхорст и Ноче.
Со ист резултат Хифенхајм го победија Хановер. И на овој меч првиот гол беше постигнат во четвртата минута, кога погоди Џоелингтон. Потоа во 14 минута Белфодил зголеми на 2:0, а конечниот резултат го постави Демирбај.
Штутгарт ја продолжија лошата серија со поразот 1:3 од Лајпциг. Поулсен постигна два гола, а еден Сабицер за Лајпциг. Голот за Штутгарт го постигна Зубер од пенал.
Шалке и Фрајбург одиграа без голови.