Фудбалерот Емилијано Сала вчера беше погребан во родниот Прогресо во Аргентина. За медиумите во Аргентина братучедот на Сала, Мартин Гати рече дека фудбалерот беше убиен, а властите мора да направат детална истрага за трагедијата.
„Емилијано беше убиен. Има толку многу нерегуларности околу летот, се е направено лошо и погрешно. Тој бил принуден да се качи во авионот. Тој почна да станува значајна личност и го оставија сам при еден таков лет. Немаше никој друг во авионот со него освен пилотот. Верувам дека правдата ќе излезе на виделина“ – Мартин Гати.
Инаку илјадници роднини, пријатели и сограѓани излегоа на улиците во Прогресо за да му дадат последен поздрав на фудбалерот кој загина во авионската несреќа на пат од Нант кон Кардиф.
Hugely emotional scenes in Progreso as Emiliano Sala’s coffin carried to waiting hearse for journey to Santa Fe for cremation ceremony. pic.twitter.com/obbo0N0Sig
— Martha Kelner (@marthakelner) February 16, 2019