Легендарниот англиски фудбалер, Дејвид Бекам повторно е дел од „класа 92“.
Според информациите од Островот, Бекам купил 10 проценти од акциите на нисколигашот Салфорд, па сега е дел од сопствеништвото на клубот во кој се и Гери и Фил Невил, Ники Бат и Пол Сколс. Со овој потег екс-фудбалерот се спои со дел од популарната „класа 92“.
Дејвид бил забележан на стадионот „Пенисула“ на натпреварот меѓу Салфорд и Довер.