Top Sport

Ферари има моќен болид! Леклер секунда побрз од ривалите во Барселона

Ферари имаа најбрз болид и на вториот ден од зимското тестирање во Барселона, откако Шарл Леклер беше речиси секунда пред ривалите.

Леклер продолжи каде што застана Себастијан Фетел на првиот ден на „Каталуња“, поставувајќи најдобро време во првиот час на студеното утро, и времето го подобруваше сè до 1:18.247 поставено пред пладне. Младиот возач од Монте Карло, кој оваа година го заменува Кими Раиконен, покрај брзината покажа и фантастична постојаност на болидот на Скудерија, комплетирајќи 145 кругови!

Ситуацијата да биде уште поветувачка за Ферари, второ најдобро време имаше возач со мотор на Ферари, Кевин Магнусен во Хас (1:19.206), а трет беше уште еден возач со погон на Ферари, Антонио Џовинаци во Алфа Ромео (1:19.312).

Лендо Норис ги постави Мекларен на четртото место, пред Пјер Гасли во Ред бул. Даниел Рикардо имаше позитивен старт за Рено по слабиот прв ден, но прогресот застана кога му се откачи задното крило на главниот рамен дел, и тој излета од патеката.

Светските шампиони Мерцедес имаа уште еден „тивок“ ден, откако светскиот шампион Луис Хамилтон постави само седмо најдобро време пред дебитантот на Торо росо, Александер Албон, кој двапати се изврте во својот прв професионален Ф1 ден.

Вилијамс Ф1 повторно не беа присутни на тестирањето, но од тимот најавија дека болидот ќе биде подготвен за акција во среда.

БАРСЕЛОНА, 2.ДЕН

1.Шарл Леклер (Ферари) 1:18.247, 145 круга

2.Кевин Магнусен (Хас) 1:19.206, 59 круга

3.Антонио Џовинаци (Алфа Ромео) 1:19.312, 86 круга

4.Лендо Норис (Мекларен) 1:19.489, 94 круга

5.Валтери Ботас (Мерцедес) 1:19.606, 67 круга

6.Александер Албон (Торо росо) 1:19.616, 120 круга

7.Пјер Гасли (Ред бул) 1:19.814, 92 круга

8.Даниел Рикардо (Рено) 1:19.886, 28 круга

9.Луис Хамилтон (Мерцедес) 1:19.928, 74 круга

10.Нико Хилкенберг (Рено) 1:20.382, 79 круга

11.Ленс Строл (Рејсинг поинт) 1:20.433, 75 круга

Scroll to Top