Љубителите на фудбалот на Островот, поточно на мечот од третата англиска лига меѓу тимовите на Портсмут и Бристол Роверс беа сведоци на можеби најлошо изведениот пенал сезонава.
Напаѓачот на Бристол, Џонсон Кларк-Херис силно ја шутна топката од белата точка, а таа заврши во горниот дел од трибината, високо над голот на Портсмут.
Интересно е што истиот играч во текот на мечот, претходно прецизно биеше во друг удар од белата точка.
https://youtube.com/watch?v=8yq4g59ztDA