Италијанскиот весник „Ла република“ тврди дека тимот на Рома е сериозно заинтересиран да го ангажира тренерот на Челси, Маурицио Сари за следната сезона, нудејќи му излез од пеколниот притисок во англиската Премиер лига по низата лоши резултати.
Според весникот, консултантот на Рома, Франко Балдини заедно со претседателот на клубот, Џејмс Палота биле на вечера со италијанскиот тренер во Лондон, на која директно му го понудиле работното место кое во моментов го има Еузебио ди Франческо.
„Ла република“ вели дека Ди Франческо многу тешко ќе опстане до крајот на сезоната на „Олимпико“, но и дека на излезна врата е спортскиот директор Мончи по големиот интерес кој го покажа Манчестер јунајтед.
Поранешниот тренер на Наполи, Сари е прв избор на „волчицата“, посебно по неговиот несигурен статус на „Стемфорд бриџ“.
Фото: ЕПА