Фудбалскиот репрезентативец на БиХ, Огњен Врањеш е отстранет од фудбалската репрезентација на барање на селекторот, Хрватот Роберт Просинечки. Причина за таквиот потег Просинечки ја оправда со четничката тетоважа што фудбалерот ја има на себе, но и поради аферата со српската пејачка Јелена Карлеуша, што предизвика бура на Балканот.
Фудбалерот не остана нем на ваквиот потег на селекторот, иако делуваше надмено и препотентно покажувајќи дека не му е гајле што нема да биде дел од селекцијата.
„Селекторот е за жалење, гледа со кого спијам, наместо да се грижи само како играм и дали секогаш го давам максимумот за репрезентацијата“ – изјави Врањеш за весникот „Блиц“.
Просинечки не прости – без Врањеш во репрезентацијата на БиХ поради четничката тетоважа