Британецот Енди Мареј се опоравува од операцијата на колкот, но има големи шанси да му се врати на тенисот, смета неговата мајка Џуди.
Операцијата на тенисерот беше пред половина месец, а неговата мајка верува дека кариерата на негогаш најдобриот светски тенисер не е завршена.
„Мислам дека се уште ништо не е готово. Она што го знам е дека Енди направи се што можеше за да си овозможи повторно да игра. Мислам дека може повторно да игра, но мислам дека и тој е свесен дека можеби до тоа нема да дојде“ – вели Џуди Мареј за агенцијата „AP“.
Таа додава дека нејзиониот син мора да размислува и за животот по тениската кариера.
„Енди е паметно момче, има многу интересирања и по тенисот може да се занимава со многу работи. Тој има младо семејство, мора да размислува за квалитетот на својот живот до самиот крај. Тоа што е најважно е дека по 20 месеци се ослободи од болките“ – смета госпоѓа Мареј.
Мареј двапати во кариерата беше шампион на Вимблдон, а во 2013 година стана првиот Британец кој по 77 години освои титула на терените на Ол Ингланд клуб.
Во своите витрини тој има и две олимписки злата освоени во Лондон 2012 и Рио де Жанеиро 2016 година.
На првото место на АТП листата помина вкупно 41 недела.