Top Sport

Црна Гора пред историски пласман, Хрватска дефинитивно без мундијал

Хрватска беше поразена од Полска со 69:77 за да ги загуби и досега малите шанси за пласман на Светското првенство во кошарка во Кина, додека Црна Гора со 76:74 победи на гостувањето во Украина за да дојде на чекор до прв пласман на СП.

Во Вараждин, Хрватите почнаа со серија од 14:0, а гостите не постигнаа кош во првите седум минути, за да се подгреат надежите на навивачите дека ќе се стигне до потребната победа од над 6 поени разлика. Но, Полјаците, предводени од Понтика (20 поени) и Слотер (15 поени) почнаа да се враќаат во игра за победа со која се веќе квалификувани на Мундијалот првпат по 52 години заедно со Италија и Литванија во тешката група.

Црна Гора пак, со 76:74 беше подобра од Украина, додека нивниот главен ривал Летонија со 62:67 беше поразена од веќе квалификуваната Шпанија. Бидејќи Црногорците ги победија Летонците во Рига (84:75), тие и со пораз во „Морача“ во понеделник би отишле на Мундијал, само доколку поразот не е повисок од осум поени. Шпанија и Турција, кои се веќе квалификувани, стигнаа до лесни победи.

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА СП 2019

ГРУПА И

Летонија – Шпанија 62:67 (14:25, 11:13, 16:13, 21:16)

Украина – Црна Гора 74:76 (34:17, 6:9, 16:25, 18:25)

Турција – Словенија 77:58 (11:17, 23:9, 24:16, 19:16)

Табела: 1.Шпанија 20, 2.Турција 19, 3.Црна Гора 18. 4.Летонија 17, 5.Украина 16, 6.Словенија 13

ГРУПА  Ј

Хрватска – Полска 69:77 (16:8, 20:24, 23:29, 10:16)

Холандија – Литванија 69:78 (20:25, 15:20, 14:7, 20:16)

Италија – Унгарија 75:41 (15:9, 19:6, 18:18, 23:8)

Табела: 1.Литванија 21, 2.Италија 19, 3.Полска 18, 4.Унгарија 16, 5.Хрватска 15, 6.Холандија 14

Scroll to Top