Тенисерот Мекензи Мекдоналд, кој е 84. тенисер во светот го победи Хуан Мартин дел Потро, кој е 4. на АТП листата со 2-1 6:4, 3:6, 7:6 во четвртфиналето на турнирот во Делреј Бич.
Сепак младиот тенисер можеше да настрада при славјето на триумфот. Беше непромислен при славјето, па лесно можеше да се случи да заработи сериозна повреда на главата.
При последниот поен на мечот, Мекензи силно го удри рекетот во земја, но тој се одби кон неговата глава и помина неколку сантиметри пред неговите очи. Притоа му ја турна капата на земја.
Погледнете го потегот на тенисерот: