Лестер сити потврдија дека го отпуштаат тренерот Клод Пуел, по големиот број на критики во последните неколку недели и тешкиот 1:4 пораз на домашен терен во саботата од Кристал палас.
Лестер нема домашна победа во 2019 година и имаше само еден триумф во последните девет мечеви, по што беше потребна промена.
„Лестер се разделува со Клод Пуел, кој веднаш заминува од позицијата менаџер на првиот тим. Би сакале да му се заблагодариме на Клод за неговите 16 месеци работа и му посакуваме најдобро во иднина. Помошникот менаџер Џеки Боневај исто така заминува од тимот, а пред поставување на нов менаџер тренерите на првиот тим Мајк Стауел и Адам Седлер ја преземаат контролата на клубот“, се вели во соопштението на „лисиците“.
Пуел беше пред отказ неколку месеци, но откако победи трипати во четири меча, вклучувајќи триумфи над Челси и Манчестер сити дозволија тој да остане на чело на клубот во текот на новогодишните празници. Поранешниот тренер на Саутемптон наводно имал голем број на конфликти со своите фудбалери, а навивачите одамна беа разочарани од просечните резултати.
Лестер се на 12. место во Премиер лигата со 32 поени од 27 меча.
Фото: ЕПА
Leicester City Football Club has today (Sunday) parted company with Claude Puel, who leaves his position as First Team Manager with immediate effect.https://t.co/VoZnGBJ8Up
— Leicester City (@LCFC) February 24, 2019