Светскиот шампион Хенрик Кристоферсен триумфираше на велеслаломската трка во Банско, Бугарија пред својот најголем ривал, Марсел Хиршер, кој сепак, ја освои титулата од Светскиот куп во дисциплината на две трки пред крајот на сезоната.
Хиршер имаше предност од 0.22 секунди по првото возење, но на крајот потфрли во второто, дозволувајќи Норвежанецот да победи за 0.04 секунди. Третото место го освои Французинот Томас Фанара пред сонародникот Алексис Пинтуро.
Ова е 17. победа во Светскиот куп во кариерата на Норвежанецот, но прва по победата на слаломот во Кицбил пред 13 месеци. Кристоферсен исто така ја обезбеди титулата на Светското првенство во Оре, Шведска минатата недела.
Второто место на Хиршер беше доволно тој да направи предност од 215 поени пред Кристоферсен на две трки пред крајот, за петта година едноподруго да ја освои титулата од СК и шести пат во кариерата.
Фото: ЕПА