Top Sport

„Може да прославува како што сака“

Тренерот на Реал Мадрид, Сантијаго Солари, го бранел пред новинарите Герет Бејл, кој против Леванте не го прослави голот со соиграчите. Реал, синоќа, со два гола од пенал победи кај Леванте 2:1.

Бејл, голот го постигна од пенал во 74 минута. Четири минути претходно Велшанецот влезе ви игра на местото на Бензема.

Откако го реализира пеналот Бејл остана воздржан, а новинарите забележале дека тоа е начинот да го изрази своето незадоволство.

„Во соблекувалната му се радуваше на голот. Ми се допадна што влезе и играше со доза на бес. Сметам дека одигра фантастичен меч. Вие од медиумите имате повеќе очи него што имам јас. Јас го гледав она што го правеше на теренот. Ни донесе победа, кога ќе постигнете гол можете да го славите како што сакате “, изјавил тренерот на Реал, Солари.

Scroll to Top