Top Sport

Проблемот на Робен бил во расипаните заби!?

По големите проблеми со здравјето и спорото опоравување  со повредата на колкот, според германскиот таблоид „Билд“ бил пронајден вистинскиот проблем на Арјен Робен – два воспалени заба.

Иако е јасно дека хроничните воспалувања во устата можат да имаат ефект на здравјето, кај холандскиот ветеран ова било забележано предоцна – воспалението давало реакција на системот за имунитет, кој спречувал опоравување на другите повреди. Кај Робен поради негрижата за забната хигиена ова придонело да се успори опоравувањето на повредата на ногата.

Неодамна, Робен призна дека се обидел со речиси сè да се опорави побргу од повредите.

„Се обидов со сè, но проблемот продолжува. Бев блиску до опоравување, почнав со тренинзи, потоа пак почнаа проблемите. Навистина е тешко“, изјави неодамна Робен.

Сега, според „Билд“, кога проблемот е решен, 35-годишниот Робен може да се посвети на тренинзите, откако последен пат играше за Баерн на 27 ноември во меч од ЛШ против Бенфика. Надежите се дека тој ќе може да настапи на реваншот со Ливерпул на 13 март во Минхен, откако првиот меч заврши 0:0.

Фото: ЕПА

Робен признава: Не знам што се случува и како да се вратам

Scroll to Top