Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос е обвинет од страна на УЕФА за намерно добиениот жолт картон во 2:1 победата на гости кај Ајакс во Амстердам во првиот меч од осминафиналето на ЛШ.
Рамос доби жолт картон во 89. минута, што значи дека ќе биде суспендиран на реваншот на „Бернабеу“ на 5 март, а по мечот во интервју тој призна дека намерно добил жолт картон за да избегне суспензија во четврт-финалето, иако потоа ги повлече таквите коментари. УЕФА реши да го прати случајот на дисциплинска комисија, која ќе одлучува во четврток.
Минатата недела, фудбалерот на Валенсија, Џефри Кондогбија доби два меча суспензија за намерен жолт картон во мечот од Лига Европа против Селтик. Тој доби жолт картон во 82. минута при 2:0 победата во Глазгов за намерно оддолжување на изведување на слободен удар.
Картоните кои се добиваат во текот на ЛШ се „бришат“, но само по четврт-финалето.
„Ако го погледнете резултатот, ќе лажев да кажам дека не беше намерно. Размислував за тоа, а не се работи за потценување на противникот, но ова е фудбал и мора да се направат тешките одлуки“, изјави тогаш Рамос.
Но, веднаш потоа, на социјалните мрежи тој ја повлече изјавата.
„Во секој меч има тензија и мораш да направиш некои одлуки во делови од секундата. Не го добив жолтиот картон намерно, како и претходниот во Лигата на шампионите“, напиша Рамос на Инстаграм.
Quiero dejar claro que me duele más que a nadie, que no he forzado la tarjeta, como tampoco lo hice contra la Roma en mi anterior partido de @ChampionsLeague, y que apoyaré desde la grada como un hincha más con la ilusión de poder estar en cuartos.#HalaMadrid https://t.co/zL0Heok5Vp
— Sergio Ramos (@SergioRamos) February 13, 2019
Фото: ЕПА
Рамос го прашал тренерот дали да прави фаул за жолт картон (Видео)