Германскиот „Билд“ тврди Баерн Минхен постигнале договор околу трансферот на Лукс Ернандез од Атлетико Мадрид. Наводно, Барците за левиот бек, ќе ја плателе откупната клаузула од 85 милиони евра. Ернандез би потпишал договор на четири и пол години.
„Билд“ оваа информација ја пласира по изјавата на спортскиот директор на Баерн, Хасан Салихамиџиќ. Тој рекол дека клубот подготвува трансфер„ бомба“ во летниот преоден рок.
Она што е нејасно е фактот што Ернандез има договор со Атлетико и во тој случај Баерн не смеат да преговараат со фудбалерот без доколку неговиот клуб не го дозволи тоа.
Лукас Ернандез е стандарден во првиот тим на Атлетико од 2015 година. Тој има одиграно 15 натпревари за Франција, а минатото лето ја освои светската титула на шампионатот во Русија.