Top Sport

Ван дер Варт: Меси е од друга планета

Поранешниот играч на Реал, Рафаел ван дер Варт, во пресрет на дуелот помеѓу „кралскиот клуб“ и Барселона „испукал“ низа комплименти за играта на Лионел Меси.

„Тој е од некоја друга планета. Пред некој ден го гледав против Севилја. Незапирлив е, го има секаде. Тој трча со топката, а од брзината и техниката не можете да се одбраните“, рекол Ва дер Варт.

Лионел Меси оваа сезона има постигнато33 гола на 32 натпревари во сите конкуренции.

Ван дер Варт минатата година ја заврши кариерата. Тој две години (2008-2010) го носел дресот на Реал.

Scroll to Top