Пет скијачи од Австрија, Казахстан и Естонија се уапсени во австрискиот ски-центар Зефелд, каде што се оддржува Светското првенство во нордиско скијање под сомнежи дека оперирале „светска допинг-мрежа“.
Акцијата е направена во соработка на австриската и германската полиција, а покрај петте скијачи се заддржани уште четири други лица, чии имиња не се откриваат.
И покрај тоа што нема официјално соопштение, се верува дека двајца од петте скијачи се Казахстанецот Алексеј Полторанин и Естонецот Андреас Верпалу, синот на естонската скијачка легенда, двократниот олимписки шампион Андруш Верпалу.
Минатата година, австриската полиција изврши рација и на седиштето на Интернационалната биатлонска унија (ИБУ) во Салцбург и ги испитуваше членовите на рускиот тим кој се натпреваруваше на трка од Светскиот куп за допинг на СП во 2017 година.
Во Австрија, земањето допинг е кривичен прекршок и на спортистите им се заканува тригодишна казна затвор.