Top Sport

Саинс најбрз за Мекларен, Ферари успорени со утринскиот судир на Фетел

Новиот возач на Мекларен, Карлос Саинс Јуниор остана најбрз на вториот ден од вториот зимски Ф1 тест во Барселона откако ја искористи утринската сесија за најдобро време.

Со Ц4 гумите на Пирели, Саинс постави 1:17.144, најбрзо време на тестирањето досега, иако веднаш потоа застана на патеката со механички проблем. Сепак, во Мекларен бргу ги решија проблемите и до крајот на денот тој комплетираше 120 кругови.

Најблиску до него дојде Серхио Перез во Рејсинг поинт (досегашните Форс Индија) со 1:17.842, додека Себастијан Фетел беше трет најбрз, откако утрото го одбележа неговото спектакуларно излетување на ттретата кривина. Фетел по медицинскиот тест беше назад на патеката, меѓутоа додека Ферари го решаваа проблемот, остана само пет минути акција за Шарл Леклер.

Кими Раиконен имаше 110 кругови и четврто најдобро време за Алфа Ромео пред Роман Грожан (Хас), Макс Ферстапен (Ред бул), Данил Квјат (Торо росо) и разочарувачки слабиот Валтери Ботас.

Фото: ЕПА

БАРСЕЛОНА – 2.ДЕН

1.Карлос Саинс Јуниор (Мекларен) 1:17.144, 130 кругови

2.Серхио Перез (Рејсинг поинт) 1:17.842, 88 кругови

3.Себастијан Фетел (Ферари) 1:18.195, 40 кругови

4.Кими Раиконен (Алфа Ромео) 1:18.209, 113 кругови

5.Роман Грожан (Хас) 1:18.330, 120 кругови

6.Макс Ферстапен (Ред бул) 1:18.395, 128 кругови

7.Данил Квјат (Торо росо) 1:18.682, 101 кругови

8.Валтери Ботас (Мерцедес) 1:18.941, 74 кругови

9.Луис Хамилтон (Мерцедес) 1:18.943, 102 кругови

10.Нико Хилкенберг (Рено) 1:19.056, 58 кругови

11.Роберт Кубица (Вилијамс) 1:19.367, 130 кругови

12.Даниел Рикардо (Рено) 1:22.597, 72 кругови

13.Шарл Леклер (Ферари) без време, 1 круг

Фетел се „заби“ во ѕид па коментираше: Не можев да направам ништо (видео)

Scroll to Top