Оле Гунар Солскјер, синоќа на „Сехрст Парк“ во Лондон, се запиша во историјата на Манчестер Јунајтед. Тимот на Солскјер успеа да го победи Кристал Палас со 3.1 и остана во трката за местото што води во Лигата на шампионите.
Победата над Кристал Палас беше осма во низа на гостински терен за Манчестер Јунајтед, што претставува нов клупски рекорд.
Дека Солскјер ги врати Јунајтед на вистинскиот пат говори и податокот дека пред оваа серија од осум гостински победи, „црвените ѓаволи“ со Жозе Мурињо на четири гостувања освоија само еден бод.
Манчестер Јунајтед по 28 рунди во Премиер лигата се наоѓаат на петтото место на табелата со 55 бода, еден помалку од четврто пласираниот Арсенал.