Top Sport

Пакуета и Винисиус добија повик во бразилската репрезентација

Лукас Пакуета по добрите мечеви за Милан доби повик од бразилскиот селектор Тите за пријателските мечеви со Панама и Чешка Република.

За Пакуета ова е прв повик во репрезентацијата, додека Марсело на позицијата лев бек е заменет со Алекс Сандро. Новак во репрезентацијата е и Фелипе Андерсон од Лацио.

Во тимот не е ниту повредениот Нејмар, а нападот го предводат Роберто Фирмино од Ливерпул, Габриел Жесус од Манчестер сити и новата атракција на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор.

Бразил игра со Панама на 23 март, пред да игра со Чешка Република три дена подоцна како дел од подготовките за Копа Америка, турнир кој стартува во јуни.

БРАЗИЛ:

Голмани: Алисон, Едерсон, Вевертон

Одбрана: Дани Алвеш, Данило, Филипе Луис, Алекс Сандро, Миранда, Тијаго Силва, Едер Милитао.

Среден ред: Касемиро, Артур, Фабињо, Алан, Кутињо, Фелипе Андерсон, Пакуета, Евертон.

Напад: Фирмино, Винисиус Жуниор, Габриел Жесус, Ришарлисон.

Фото: ЕПА

Scroll to Top