Гркот Стефанос Циципас се пласираше во финалето на тенискиот турнир во Дубаи. Тој денеска по голема борба и со пресврт славеше триумф над Французинот, Гаел Монфис со 2-1 во сетови, или 4-6, 7-6, 7-6.
THIS is what the crowd came to see ?@StefTsitsipas and @Gael_Monfils lighting up the @DDFTennis ?
? @TennisTV pic.twitter.com/npvTDCaZ4K
— ATP Tour (@ATP_Tour) March 1, 2019
Иако Монфис го доби првиот сет, сепак грчкиот тенисер со два тај брејка во следните два сета успеа да излезе како победник и да обезбеди финале.
Во финалето во Дубаи противник на Циципас кој во моментов е 11-ти тенисер во светот ќе му биде Роџер Федерер кој попладнево лесно со 2-0, или 6-2 6-2 го совлада Хрватот, Борна Чориќ.
Гркот му е „должник“ на Швајцарецот поради изненадувачката елиминација во осминафиналето на Австралија Опен во јануари годинава.
Турнирот од серијата 500 во Дубаи се игра за награден фонд од 2.8 милиони долари.