ППД Загреб одигра 26:26 на гостувањето кај Пик Сегед за да го обезбеди шестото место во групата А во ЕХФ Лигата на шампионите и да биде потврден како противник на Вардар во осминафиналната фаза, откако вчера „црвено-црните“ завршија на третото место во групата Б.
Унгарскиот клуб имаше предност од два гола во финишот на натпреварот, но „плинарите“ се вратија за реми, кое сепак не им е доволно да се искачат на петтото место, каде што останува Мотор по 31:25 поразот на гостувањето кај Пари Сен-Жермен.
ПСЖ под водство на поранешниот македонски селектор, Раул Гонзалес го заддржува првото место со само еден пораз во натпреварите по групи и се „сели“ директно во четврт-финале со победникот на групата Б, Барселона.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 14.КОЛО
Скјерн – Целје 35:32 (20:14)
Пари Сен-Жермен – Мотор Запорожје 31:25 (16:13)
Пик Сегед – ППД Загреб 26:26 (14:14)