Марио Балотели се врати! По трансферот во Марсеј, италијанското „лошо момче“ го постигна својот четврти гол во шест меча за тимот од „Велодром“, помагајќи во 2:0 победата над Сент-Етјен, по што прославата директно ја постави на Инстаграм.
Во 12. минута, поранешниот фудбалер на Ница постигна прекрасен гол со ножички, и веднаш доби телефон од неговите соиграчи и тоа го постираше на Инстаграм. Ова не е првпат Балотели да прославува на уникатен начин – тука се прославата со маичката „Зошто секогаш јас?“ додека беше фудбалер на Манчестер сити, како и „Рамбо“ позата со италијанската репрезентација.
What a goal from Balotelli !
And that celebration ?#OMASSE
— Taz (@TazPhalora) March 3, 2019
Mario Balotelli’s iPhone celebration from his angle. pic.twitter.com/CeTFzAz8k8
— Get French Football News (@GFFN) March 3, 2019