Top Sport

Јувентус ќе го „грабнат“ Жоао Феликс

Челниците на Јувентус биле подготвени да платат 120 милиони евра за талентираниот напаѓач на Бенфика, Жоао Феликс, за кого во татковината велат дека е вистинскиот наследник на Кристијано Роналдо.

„Старат дама“ подготвува напад на играчот за кого неколку недели се пишува дека „војуваат“ Реал Мадрид и Барселона.

Медиумите шпекулираат дека претседателот на Бенфика, Луис Фелипе Виеира бил во Торино каде со претставниците на Јувентус преговарал околу трансферот на Феликс.

Сзкаути на Јувентус го следеле Феликс во неделата на дербито против Порто. Младиот играч во 26 минута постигна гол за израмнување на резултатот 1.1, а подоцна Бенфика победија 1:2.

Оваа сезона 19-годишниот фудбалер има забележано 11 гола и шест асистенции.

Scroll to Top