Top Sport

Икарди имал состанок со тренерот и соиграчите

Фудбалскиот клуб Интер одржале состанок на кој покрај играчите и тренерот Лучано Спалети присуствувал и Мауро Икарди.

Како што објавил новинарот на „Скај Спорт“, Андреа Павети, тој рекол дека не бил во состојба да тренира поради болката во коленото. Челниците на Интер одбиле да даваат коментари дали Икарди навистина е повреден и да потврдат дали во наредните денови ќе има нов состанок.

Наводно, Бепе Марота, не сакал повторн да се сретне со Икарди и неговата сопруга Ванда Нара, поради што гласни се најавите дека Аргентинецот нема да добие нов договор и дека ќе го напушти клубот.

Scroll to Top