Порто влезе во четврт-финалето на Лигата на шампионите, откако дури по продолжението ја победи Рома со 3:1, елиминирајќи ја негативата од 1:2 од првиот меч.
Слично како на драматичниот меч во Париз, и овојпат победникот и патникот во четврт-финале е одлучен со удар од пенал, откако Алекс Тејлес во 117. минута од белата точка му донесе победа на тренерот Сержо Консеисао, инаку „добар познавач“ на Рома како поранешен фудбалер на Лацио.
На „Естадио до Драгао“ Порто знаеше дека мора да тргне офанзивно по 2:1 поразот во Рим, и Бразилецот Тикињо Соареш им донесе водство од 1:0 во 26. минута од мечот по една лоша интервенција на цела одбрана на Рома.
Овој резултат го носеше Порто во четврт-финалето, така што Рома мораше да тргне напред и доби гол во 37. минута, кога капитенот Даниеле де Роси беше прецизен од белата точка по фаулот над Пероти. Сепак, Порто успеа да дојде до продолженија откако Муса Марега, фудбалерот кој неодамна се расправаше со навивачите на Порто од својот автомобил во 52. минута го совлада Робин Олсен.
Фото: ЕПА