Српскиот фудбалски репрезентативец, Сергеј Милинковиќ Савиќ му рече дефинитивно ДА на Милан, а според информациите на медиумите во Италија, негов сонародник ќе го менува во Лацио.
Популарниот СМС како најсилен аргумент зошто сака од редовите на Лацио да премине на „Сан Сиро“ го навел фактот дека сака да игра следната сезона во Лигата на шампиони, а поголеми се шансите да обезбедат учество во елитата.
Претседателот на Лацио, Клаудио Лотито вели дека пронашол замена за Србинот, а спортскиот директор на клубот, Игли Таре одамна е подготвен во Рим да го донесе Марко Грујиќ кој има одлична сезона во берлинска Херта.
Цената на поранешниот играч за Црвена Звезда на пазарот е околу 12 милиони евра. Потребна е реконструкција на средниот ред на лацијалите ако се знае дека Пароло има 34, а Леива 32 години, па со заминувањето на Милинковиќ Савиќ ќе се појави празнина.